Хрватска: Жена (33) починала 12 дена по вакцинирањето со „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Уште еден случај на сомневање на несакан ефект со фатален исход поврзан со вакцината на „АстраЗенека“ е пријавен во Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД).

Жена (33) починала 12 дена по вакцинацијата, а ХАЛМЕД побара медицинска документација за случајот од здравствената установа во која се случил случајот, врз основа на која ќе изврши анализа.

– Во извештајот е наведена тромбоцитопенија и крварење, но извештајот е многу оскуден и не содржи документација за причините за смртта, како и за текот и развојот на настаните кои довеле до смрт. Очекуваме да ја добиеме бараната медицинска документација што е можно поскоро, вклучително и отпусно писмо, а потоа и наодите од тековната обдукција – соопштија оттаму.

Како што известуваат, заедно со Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), тие започнале со проценката.

Слични содржини