Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош е позитивен на коронавирус.
„Со појавата на симптомите на болеста, министерот Вили Берош изврши тест за присуство на коронавирус, а утрово ги доби резултатите од тестот дека е позитивен. Министерот Вили Берош е во стабилна здравствена состојба со лесна клиничка слика и продолжува да ги извршува своите должности во изолација, придржувајќи се кон сите мерки на епидемиолозите“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Берош минатата недела беше отсутен на владината седница затоа што ги чекаше резултатите од тестот за коронавирус откако почувствува појава на респираторни синдроми.
Во тоа време, тестот беше негативен.