Huawei ќе го претстави првиот смартфон, кој ја поддржува Blockchain технологијата

од Vladimir Zorba

Крипто-валутите станаа доста популарни во изминатата година и ќе продолжат да го привлекуваат интересот на милиони потрошувачи во 2018 година. Податоците на аналитичарите откриваат дека овој пазарен сегмент запишал 1500% раст во последните 12 месеци и веќе се претворил во бизнис за над 350 милијарди долари. Huawei се третиот најголем производител на паметни телефони во светот и исто пројавуваат интерес кон овој концепт и планираат да претстават уред кој ја поддржува технологијата Blockchain, информира „Блумберг“.

Blockchain е технологија која е основа на речиси сите виртуелни валути и практично функционира како дигитален регистар со јавни достапни листи со податоци кои се меѓусебно поврзани и заштитени. Huawei сака да претстави паметен телефон кој не само што може да генерира крипто-валути, туку и да ги складира и да функционира како дигитален паричник. За таа цел, компанијата веќе преговара со швајцарската компанија Sirin Labs за да го користат нивниот уникатен оперативен систем наречен SIRIN OS.

Интегрирањето на овој софтвер ќе му овозможи на уредот да работи со апликациите базирани на Blockchain, оптимизирани за Android. Претставниците на двете страни одржале серија состаноци во текот на изминатите два месеца, разговарајќи за можностите за заедничко партнерство. Ако преговорите се успешни, тоа автоматски ќе го претвори Huawei во првата мобилна компанија која ќе им понуди на потрошувачитесмартфон врз основа на технологијата Blockchain.

Слични содржини