Хуманитарен брод спаси 175 мигранти во Средоземното Море

од Vladimir Zorba

Екипажот на бродот „Ocean Viking“ на хуманитарната организација SOS Mediterranée денеска спаси 175 мигранти во неколку операции во Средоземното Море. Меѓу мигрантите има две бремени жени, 33 малолетни и 22 без придружба.

Бродот спаси 57 мигранти кои утрово пловеа од Либија кон Европа, наведе организацијата.

Попладнето беа спасени 54 лица, а подоцна уште 64 лица.

Организацијата додаде дека некои мигранти имаат изгореници од гориво за чамци и бродови.

Според Меѓународната организација за миграција, 1.146 луѓе загинале на море од почетокот на годината.

SOS Mediterranée тврди дека спасил повеќе од 30.000 луѓе од февруари 2016 година.

Фото: SOS Mediterranée

Слични содржини