Хуманитарна помош и новогодишен ручек за бездомниците од пунктот во Момин поток

од Марта Пешевска
132 прегледи

Во пунктот за бездомници во Момин поток денеска традиционално по повод новогодишните празници ќе биде организиран ручек и доделена хуманитарна помош од топла облека за 60 бездомни лица.

Пунктот за бездомници функционира 10-тина години и нуди услуги за лицата кои немаат дом. Финансиски е поддржан од Градот Скопје, компании и хумани граѓани.