Хуманитарната изложба во Концепт 37 за поплавените подрачја продолжува до понеделник

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Во вторникот, 9.8.2016 со почеток во 20:00 ч., во арт кафето Концепт 37 се одржа хуманитарна изложба во која учествуваа доброволно повеќе од 80 уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит и мебел) од неколку македонски градови, со цел да се соберат барем дел од неопходните финансиски средства за помош на жртвите од поплавите.13935178_10154061086861387_8075204838040288982_n

При тоа вечерта беа собрани 178.425 денари или 2.925 евра, а веќе со вчерашниот ден сумата се зголеми за плус 53.000 денари.13909062_10154626164014893_8995496208747027890_o

Организаторите најавуваат дека делата ќе бидат изложени до понеделник и заинтересираните ќе можат да го посетат арт-кафето, да изберат дело и да донираат.13907055_10209048459902490_1644277303132034291_n

Свое учество зедоа Владимир Лукаш, кој воедно беше и иницијатор за хуманиот потег, потоа Атанас Ботев, Дороти Пачкова, Јана Јакимовска, Ивана Настески, Ана Миланова, Лилика Стрезоска, Биби Клечакоска, Ена Зафировска, Натали Ристовска, Ем Елефантски, Ана Петровска, Алма Идризи, Кристина Божурска, Александра Зиновски-Вилиќ, Викторија Попоска, Маја Кировска, Дафина Џепароска, Билјана Бинчев, Снежана Мелник, Жани Гелевска, Јана Ацевска, Руки Чуки, Нита Муча, Леа Варошанец, Маја Чанкуловска, Натали Николовска, Дијана Томиќ, Бапси Чулкин, Мелани Дигит, Симонида Филипова Китановска, Ненад Тонкин, Љубиша Камењаров, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Глигор Кузмановски, Никола Пијанманов, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Шопов, Сашко Илов – Дете, Лидија Георгиева и др.13876298_10210085927522671_8515042528601605220_n

Како музичка поддршка на отворањето на настанот задолжени беа Шурбе и Тони Димитров.