Хумус од тиква

од desk2
139 прегледи

Хумусот е кремава мачканица што може да ја направите во најразлични комбинации, а посебно вкусен е хумусот од тиква

 

Потребни состојки:
350 грама леблебија
150 грама пире од тиква
2 чешниња лук
1 децилитар лимонов сок
50 грама пржен сусам
2 децилитри маслиново масло
прстофат сол
прстофат црвен пипер
прстофат мускатно оревче
2 децилитри вода

Приготвување:

Во блендер ставете леблебии, пире од тиква, лук, сусам, лимонов сок и сето тоа мешајте додека не добиете соединета смеса.

Додајте маслиново масло и зачини, па повторно измешајте. Ако смесата ви е премногу густа, додавајте по малку вода додека не ја добиете посакуваната густина.

Зачинете по желба и наросете со печен сусам.

Послужете со препечен леб.