Турција потврди дека стави вето на учеството на Австрија во некои програми на НАТО поради “постојаната антитурска позиција” на Виена по различни прашања во рамките на Европската унија (ЕУ), објавија дипломатски извори за весникот Hurriyet . 
“Турција ги презема потребните мерки во врска со учеството на Австрија во активности на НАТО поради тоа што земјата постојано има антитурски однос во платформите на ЕУ”, изјави турски дипломат, кој побарал анонимност.
76
Друг извор потврди дека Турција со месеци го блокира учеството на Австрија, која не е членка на НАТО, во различни проекти на Алијансата во 2017 година Од Виена турските активности ги оценија како “закана за безбедноста”.
Утре 24 и на 25 мај е планиран самит на НАТО во Брисел, на која ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.