Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на норвешкиот танкер

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Јеменските бунтовници Хути денеска ја презедоа одговорноста за ракетниот напад во Црвеното Море во кој беше оштетен танкер за нафта под норвешко знаме.

„Поморските единици на јеменските вооружени сили го гаѓаа норвешкиот танкер Стринда, кој превезуваше гориво за Израел“, изјави воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари.

Американската војска синоќа соопшти дека ракета истрелана од област под контрола на бунтовниците Хути погодил танкер со нафта во близина на брегот на Јемен и дека нема жртви.

Танкерот „Стринда“ бил погоден со крстаречка ракета и експлодирал, соопшти американската воена команда на Блискиот Исток (Центком) на платформата Х.

На помош на нападнатиот брод му дошол американскиот разурнувач УСС Мејсон, додава Centcom.

Сопственикот на бродот во соопштение го потврди инцидентот и наведе дека нема повредени меѓу членовите на екипажот, државјани на Индија, кои го изгаснале пожарот.

Во соопштението се наведува дека бродот бил на пат од Малезија кон Италија со суровини за биогориво и сега плови до безбедно пристаниште.

Слични содржини