Јеменските бунтовници Хути во средата соопштија дека истрелале „неколку“ проектили врз американски воен брод во Црвеното Море, неколку часа откако американската војска објави дека соборила проектил.
„Поморските сили на јеменските вооружени сили, со помош на семоќниот Бог, истрелаа неколку поморски проектили врз американскиот разурнувач USS Graveley во Црвеното Море“, се вели во соопштението на Хутите.
Во изјавата што ја емитуваше ТВ Ал-Масира, портпаролот на Хутите изјавил дека бунтовничката група усогласена со Иран планира да продолжи да цели на американски и британски воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана.
Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови на Јемен, велат дека напаѓаат бродови во Црвеното Море и околу виталниот воден пат во знак на солидарност со Палестинците во војната во Појасот Газа.
САД и Велика Британија започнаа напади врз позициите на Хутите во Јемен и ги вратија тие бунтовници на листата на „терористички“ групи.