Хутите тврдат: Погодивме американски брод, останатите скршнаа од рутата

од Stefanija Kuzmanovska

Проиранската милитантна група Хути, која владее со северниот дел на Јемен, на социјалната мрежа Х објави дека американски воен брод бил погоден за време на судирите меѓу поморските сили на групата и американските разурнувачи и бродови во Аденскиот залив и теснецот Баб ел-Мандеб.

„Во Аденскиот Залив и теснецот Баб ел Мандеб дошло до судир со бројни американски разурнувачи и воени бродови, кои штителе два американски трговски брода“, напиша портпаролот на армијата на Хутите, Јахја Сарија.

Како што истакна Сарија, „како резултат на операцијата бил извршен директен удар на американски воен брод, додека два американски трговски брода биле принудени да скршнат од својата рута“.

Според него, конфликтот траел повеќе од два часа, а јеменските вооружени сили користеле противбродски ракети.

Централната команда на Пентагон во средата објави дека Хутите нападнале контејнерски брод под американско знаме во Аденскиот теснец, истрелувајќи три противбродски проектили кои биле пресретнати.

Слични содржини