И Алијанса веднаш ќе излезе од Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени

од Nikola Popovski
339 прегледи

Алијанса за Албанците по теркот на ДУИ е подготвена да излезе од Владата, само доколку ВМРО-ДПМНЕ го сменат тврдиот став и гласаат за уставните измени. Ова денеска го навести лидерот на АА, Арбен Таравари.

Според Таравари, неговата партија е спремна за ваков потег доколку ВМРО-ДПМНЕ го побара тоа.

Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани и веднаш одиме на избори, рекол Таравари во емисијата „Клик плус“.

Партијата на Таравари има четири министри во Владата.

Претходно министрите од ДУИ поднесоа оставки од функциите кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

Едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ.

Слични содржини