И Брадата ќе го пропушти Светското во Кина

од Vlatko K
93 прегледи

Уште една суперѕвезда од НБА се откажа од учество на Светското првенство во кошарка. По
Ентони Дејвис и Џејмс Харден објави дека нема да бидат дел од тимот на САД за турнирот во Кина.


Бекот на Хјустон веќе го информирал тренерот Грег Поповиќ за неговата одлука, за да може да се
концентрира на претстојната сезона, во која ќе биде соиграч со Расел Вестбрук.

Харден има златен медал од светското првенство во 2014 година, а пред две години беше дел од
тимот што триумфираше со титулата на Олимпијадата.

Сепак, без него, Американците не треба да имаат проблеми во составот откако Демијан Лилард,
Кемба Вокер и Бредли Бил се на располагање, а Кајл Лори, кој беше подложен на операција на
палецот на раката, ќе биде опоравен.

Турнирот во Кина ќе се одржи од 31 август до 15 септември, додека Соединетите Американски
Држави, кои се фаворити, се во прелиминарна група со Турција, Чешка и Јапонија.