И Челси со истрага за Енцо Фернандез поради скандалозното видео

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Челси започна истрага за видеото што играчот од средниот ред на тимот Енцо Фернандез го сподели на Инстаграм по финалето на Копа Америка, информира „Мирор“. Таму неговата Аргентина ја совлада Колумбија и го крена трофејот.

На враќање од стадионот по натпреварот, Фернандез се вклучи во живо од автобусот и се сними себеси и соиграчите како пеат дел од песна, што стана позната околу финалето на Светското првенство во 2022 година .

Во неа се пее дека „сите француски играчи се од Ангола и се еб*ни трансродови, исто како и Мбапе. Играат за Франција, но се родени во Ангола. Неговата мајка е Нигеријка, татко му е од Камерун, но пасошот му е француски“. На стримот на Фернандез може да се слушне како Аргентинците го пеат делот за Французинот роден во Ангола, но потоа емитувањето прекинува.

Еден од играчите со темна кожа во Челси, Весли Фофана, ја искористи платформата „Х“ за да го напише следново: „Фудбалот во 2024 година: расизам без воздржување“.

Заедно со Фофана, уште двајца од лондонскиот тим – Аксел Дисаси и Мало Густо, кои исто така се со темна кожа, престанаа да го следат Енцо Фернандез на Инстаграм.

Инаку, Француската фудбалска федерација официјално соопшти дека контактирала со ФИФА за видеото.

Слични содржини