„Известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р. Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП“, објавија денес од Синдикатот.
Според нив, „вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе известиме“.
Со вакцината на „АстраЗенека“, денес 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа во Заводот за јавно здравје во Врање. Сето ова било воорганизација на македонската асоцијација на новинари (МАН) и српското Удружење новинара Србије (УНС). Втората доза ќе ја примаат после 21 ден.
Од Министерството за здравство велат дека тие не организираат вакцинација во соседните земји, но дека продолжуваат преговорите за пристигнување на вакцини во следните недели.