Блокадите низ Србија продолжуваат и денес, во седмиот ден од големиот континуиран протест на кој повикаа организаторите на големиот собир во центарот на главниот град Белград минатата сабота.
Во Земун блокадата трае непрекинато досега, а почна вчера во 19 часот, јави телевизијата Н1.
Вчера студентите на ФДУ во Белград одржаа протестна прошетка поради апсењето на нивни колеги.
Во Крагуевац, со галамење демонстрантите го прекинаа концертот на пејачот Душан Свилар на Ученичкиот плоштад. Денеска демонстрантите ќе одмораат.
Во еден од поинтересните настани од пасивното протестирање што тече веќе седум дена, студентите и граѓаните во Инѓија самите отишле во полициската станица „за да бидат легитимирани“.
Во Лесковац е одржан протест под името „Трета смена“, а студентите и други граѓани во знак на солидарност со фабриката „Јура“ која што се затвора, блокираа раскрсница на улицата Ѓорѓе Стаменковиќ.
Во Кикинда блокада е најавена за вечерва од 20 часот кај Фонтаната. Во Врање, според студентите, протестен собир ќе почне во исто време, пред зградата на Општина Врање.
Протестни блокади се најавени и за други градови. Во Белград блокади од 20 часот ќе има пред Правниот факултет, во Автокоманда, на улица Пожешка, на булеварот Крал Александар.
Во Нови Сад ќе се одржи „протестно корзо“, со блокада на главните сообраќајници од 19 часот.