И денеска протести за оставка и одговорност од владата на Груевски

од Vladimir Zorba

Ослободување на притворените лица и оставка на премиерот Никола Груевски побараа демонстрантите и на денешниот протест кој започнаа во 18 часот.

11257190_1648773435341679_2010713184563575273_n-540x180

И денеска зградата на Илинденска ја обезбедуваа полицајци и на демонстрантите не им дозволија да протестираат на улицата непосредно пред објектот на владата.

11229359_902179513156995_8921346584331417756_n

Маршутата иста граѓаните се побројни . Започнаа од пред владата и преку мостот Гоце Делчев демонстрантите се упатија пред судот.

„Нашите другари кои се решија да го дигнат гласот против сите неправди и тиранијата, како за награда се зад решетки сместени. Тоа се практично политички затвореници и нема да се повлечеме додека не се ослободат“, порачаа демонстрантите.

11150801_902179699823643_1772391152655284073_n

Протестот заврши пред собранието а демонстрантите најавија дека ќе се протестира и утре со почеток 18 часот.

Слични содржини