Актерката Хедер Линд го обвини поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш за сексуален напад кој се случил пред четири години

На Инстаграм Линд изјавува дека поранешниот лидер на САД во една прилика ја допрел од зад грб, а потоа изговорил безобразна шега. Таа своето искуство го подели на Инстаграм со фотографија на која се поздравуваат поранешните американски претседатели Барак Обама и Џорџ Х.В.Буш на хуманитарниот концерт неодамна одржан за жртвите од ураганите.
„Ме вознемири фотографијата на која денеска Барак Обама му пружи рака на Џорџ Х.В. Буш на собирот на претседателите на концертот во Тексас. Имам голема почит кон претседателите, но кога имав прилика да го запознаам Буш пред неколку години на промоција на историското телевизиско шоу на кое работев, тој сексуално ме нападна додека позирав за фотографија. Тој не се ракуваше со мене. Ме допре по грбот од својата количка додека неговата сопруга Барбара Буш стоеше покрај нас. Ми раскажа безобразна шега а потоа повторно ме допираше. Барбара превртуваше со очите во знак дека не треба тоа да го прави. Неговиот телохранител ми рече дека не требало да стојам покрај него“, напиша актерката.
Портпаролот на поранешниот претседател ги негираше сите нејзини тврдења.
„Претседателот Буш никогаш не би направил такво нешто. Тој намерно не би предизвикал никакви неволји, под кои било услови. Господин Буш и се извинува на актерката ако неговиот обид за хумор и бил навредлив“, додава портпаролот.
Само за појаснување, во САД има многу строги правила за тоа што значи сексуално вознемирување, па некои бенигни движења што во Европа би се сметале за наивна блискост, таму имаат тежина на сексуално вознемирување.