И Џорџија започнува истрага против Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Обвинителството на округот Фултон започна истрага за обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги поништи изборните резултати во Џорџија, вклучувајќи го и телефонскиот повик до државниот секретар Бред Рафенспергер во кој тој го притискаше да „пронајде“ доволно гласови за да му помогне да го преусмери губењето.

Фани Вилис, неодамна избран обвинител во округот Фултон од Демократската партија, испрати писмо до бројни функционери, вклучувајќи го и Рафенспергер, барајќи од нив да ги чуваат документите поврзани со телефонскиот повик на Трамп, изјавил државен службеник запознат со содржината на писмото, Објави „Њујорк Тајмс“.

Истрагата во Џорџија е втора со која се соочува Трамп по истрагата започната во Њујорк.

Потенцијалните поротници во Џорџија веројатно нема да бидат сочувствителни кон поранешниот претседател, бидејќи округот Фултон опфаќа голем дел од Атланта, која силно го поддржуваше претседателот Џо Бајден.

Рафенспергер, најголемиот републикански изборен претставник во Џорџија, на почетокот на јануари изјави дека под притисок на Белата куќа и спротивно на неговата обврска, тој прифатил телефонски повик од Доналд Трамп, во кој претседателот барал поништување на неговиот изборен пораз во таа американска федерална држава, објави ABC News.

Трамп побарал од Рафенспергер изборните службеници да „пронајдат“ доволно гласови за поништување на победата на Бајден во таа земја.

Тоа е еден од најмалку трите телефонски повици, направени во текот на месецот од почетокот на декември до почетокот на јануари, во кој Трамп побарал помош од високи официјални лица на Џорџија во обидот да ги пренасочи изборите.

Трамп загуби од Бајден во Џорџија со 11.779 гласа.

Слични содржини