И Емери ги обвини судиите за поразот од Реал

од Vladimir Zorba

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, исто како својот шеф, не го криеше својот гнев по поразот со 1:3 од Реал Мадрид во првиот 1/8-финален натпревар на Лигата на шампиони.

„Серхио Рамос играл со рака, така ми рекоа. Јас не ја видов ситуацијата, но ако тоа е вистина, судијата Роки мораше да досуди пенал. Нема правда“, прокоментира тренерот.

„Да, мислам дека можеме да го свртиме развојот на настаните, ако судиските решенија не се против нас. Чувствувам прилично измешани чувства по овој натпревар. Противникот израмни по доста дискутабилна судиска одлука. Пред тоа ние игравме добро, ја контролиравме топката и баравме втор гол“.

„Едно спорно решение сепак даде шанса на Реал да се врати во натпреварот. Ако бевме поконцентрирани во напад и ако арбитрите судеа пофер, можевме да ремизираме или дури да победиме, бидејќи по 70-тата минута од натпреварот ние имавме подобри шанси за гол“.

„Реал е фаворит, бидејќи тие се носители на трофејот и го освоија турнирот три пати во последните четири сезони. Ние сепак имаме свои шанси во реваншот“, додаде Емери.

Слични содржини