И Ердоган заврши на насловната на „Шарли Ебдо“

од Vladimir Zorba

Водечките турски официјални лица ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, велејќи дека тој чин е „одвратен обид за ширење културен расизам и омраза“.

Турскиот гнев поради карикатурата додаде масло во оганот во односите меѓу Турција и Франција, и сè започна поради карикатурите со пророкот Мухамед, поради што еден тинејџер уби професор во Париз, пренесе Ројтерс.

„Ние силно ги осудуваме карикатурите на нашиот претседател во едно француско списание, кој не почитува ниту една религија. Ништо не им е свето, тие немаат никаква вредност“, напиша на Твитер портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин.

Тој додаде дека во „Шарли Ебдо“ само покажале колку се „вулгарни и неморални“.

„Нападот на нечии приватни ставови не е хумор, ниту е слобода на изразување“, додаде Калин.

На насловната страница на „Шарли ебдо“, Ердоган е виден како седи во бела кошула и долна облека, држи лименка пијалоци и држи здолниште на жена со хиџаб.

Фахретин Алтун, главен портпарол за медиуми на Ердоган, рече дека антимуслиманската пропаганда на Макрон „вродила со плод“.

„Го осудуваме најгрозоморниот чин предизвикан од најновата карикатура, која шири расизам и омраза“, напиша Алтун на Твитер.

Ердоган го критикуваше Макон во саботата, велејќи дека треба да си ја „прегледа главата“.

Слични содржини