И фирмата на советникот Нефи Усеини на тендерот за уривање дивоградби во Охрид

од desk2
123 прегледи

Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста. Усеини во разговор за тв24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини пред неколку дена направи јавно отбвроање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градонашалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегапшното непостапување беше наведнео и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

И архитектите и планерите апелираат дека дивоградбите од ваков карактер директно се косат со препораките на Унеско. Ако се случи фирмата на Усеини да победи на тендерот, што ќе биде познато многу брзо, тоа ќе значи дека тој сам ќе треба да си ја урива својата дивоградба за што општината Охрид ќе плати пари на неговата компанија.