Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и дефинитивно доаѓа во Скопје да се сретне со Груевски и Заев и да решат што натаму со датумот за изборите и спроведувањето на договорот од Пржино

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска за МИА го потврди доаѓањето на Хан во Скопје во петок, каде како што претходно таа соопшти, тој ќе разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули што треба да стави крај на политичката криза во земјата.
– Комесарот на Европската унија Јоханес Хан ќе го посети Скопје на 15-ти јануари, изјави портпаролката Коцијанчич.
Како што е познато, уште пред Нова година, еврокомесарот Хан испрати писмо до четирите најголеми политички партии во Македонија (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) дека планира на почетокот на овој месец да ја посети македонската држава, со цел да направи увид во спроведувањето на договорот од Пржино, чија крајна цел ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април.
Доаѓањето на Хан во петок во Македонија, всушност се поклопува со клулната точка на договорот а тоа е изборот на техничка Влада со нов привремен премиер, по и тргање на Никола Груевски.Единствена задача на оваа техничка преодна влада ќе биде спроведување на наредните избори кои сега се закажани за 24 април оваа година.
Премиерот Груевски итно отпатува за Вашингтон
Воопшто не е исклучено датумот да биде помесетен поради неспроведувањето на тајмингот на договорот од Птжино од страна на сите актери во процесот. Медиумите останаа како рак рана за власта и нивните реформи воопшто и не почнаа
Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, тоа ќе се договориме со Хан
Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира сè погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година.
Во изјавата за „Мета“ тој дури на маса става дека „можеби ќе се дојде до заклучок дека септември е идеален датум“, но истакнува дека сè уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели, за таа одлука треба да разговаат сите потписници на Договорот од Пржино на средбата со еврокомесарот за проширување и за меѓусоседска политика, Јоханес Хан, во Скопје.
– Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално време за одржување на изборите ќе биде во септември. Сепак, за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со другите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски, тие можат да се одржат и на 24 април – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Премиерот Никола Груевски денеска отпатува на итна средба за Вашингтон. Kако што стои во владината протоколарна најава , Груевски , ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден.
За дипломатската и експертска јавност, ова не е ниту пријателска редовна ниту економска билатерала туку итна и конкретна средба на која до премиерот ќе бидат испорачани конкретни барања.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски, патем провладин редовен гласноговорник посетата ја нарече и „Преки суд за Груевски“ и нималку лесна и едоставна работа.
Никовски го советува Груевски како да се понесе пред Американците, пред, како што го нарекува „каубоецот“ Бајден кој го викал за, според Никовски, „да му држи лекции“.
Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески во својата колумна за Плусинфо коментира дека со оглед на кризата на демократијата во Македонија и задачите на Специјалното обвинителство, никој во Вашингтон не е заинтересиран да ги зајакнува изборните шанси на македонскиот премиер на наредните избори.
Напротив, би биле сосема среќни тој да се повлече од политиката. Поверојатно е дека причината за итниот повик до македонскиот премиер на состанок во Белата куќа со американскиот потпретседател, ќе биде инсистирањето правдата да си го земе својот тек, да се рехабилитира демократскиот систем и да се расчисти политичката магла, пред воопшто да се одржат избори.
Затоа, посетата, спротивно на дипломатската логика, е своевиден доказ дека работите не се одвиваат најдобро во земјава и дека Америка е загрижена за мирната транзиција кон демократија. Конечно, не еднаш е напишано и не еднаш се потврдило и во праксата на многу земји, дека најопасни моменти за една држава се времињата на промена на еден авторитарен систем. Во таквите времиња, може се да се очекува анализра Малески.
Како и да е Хан во петок исто го чека Груевски на маса да му соопшти што е планот за илзез од кризата и каква иднина и предстои на европска Македонија ,ако не се спроведе тоа што го потпичаа и Груевски и Заев, а го гарантираат и ЕУ и САД!