Поранешниот министер за економија на Франција Емануел Макрон во интервју за радио Europe1 изјави дека Франција треба да воспостави дијалог со Русија во сферата на борбата против тероризмот, дури и ако француските власти неја  сметаат Русија за пријателска држава, објави во петокот (18-ти ноември) Газета. ru.

“Франција треба да умее да води дискусии со големите држави, дури и ако тие не се сметаат за пријателски, како што е во случајот со Русија”, рече тој.

Според зборовите на Макрон, Русија во моментов е важен и пресуден фактор во решавањето на конфликтот во Сирија.

“Франција не може да им овозможи на Русија и САД самостојно да одлучуваат за судбината на Сирија”, додаде политичарот.

Претходно претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави за важноста на дијалогот со Путин.

Извор: Руски дневник