И криминалците се невини

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за Утрински весник:

erol-rizaov[1]

Смешно и мачно, трагикомично што би рекле театролозите е да се гледаат деновиве високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивните следбеници како проповедаат дека и криминалците се невини додека не бидат осудени.

Да плачеш од среќа и да ти е милина да ги слушаш кога големите демократи зборуваат ораторски разложно дека секој е невин додека не се докаже спротивното, односно неговата вина.

 Тие што ја попречуваат правдата без срам и перде велат, нема пресуди, нема виновни. Тој што тужи треба да ја докаже на суд вината, а не тој што е обвинет.

Така е отсекогаш во светот каде што владее правото и кај што работат судовите, ама не кај нас каде што власта е апсолутна и без никаква контрола цела деценија.

Целата колумна на Утрински на следниот линк.