Интегритетот на советниците на Општина Битола е тотално нарушен од страна на владеачката структура на ДПМНЕ. Постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група на Левица, обвинија денеска од партијата.
Според Левица, „со ова се докажува фактот дека постои страв од неспособноста на коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ПОИНАКУ“.
-Висок партиски функционер од Совет на Општина Битола се појавува на позадина на службен компјутер, сомнение за аматерски упад од аматери и читање на адреси и фајлови во службени уреди, иако овие уреди не се мрежно поврзани. ПРАШАЊЕТО Е, КАКО Е МОЖНО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ ДА СЕ ПОЈАВИ СЛИКА НА ПОЗАДИНА ОД ВИСОК ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР ВО СОВЕТ НА ДПМНЕ НА ПОВЕЌЕ СЛУЖБЕНИ КОМПЈУТЕРИ, А НЕ СЕ МРЕЖНО ПОВРЗАНО, прашуваат од Левица и додаваат дека мора да има одговорност.
-Оние кои ја постапувале стапицата, самите паднале во неа како неискусни администратори и аматерски нарачатели, потенцираат од Левица.
Со исто обвинение вчера излегоа и од СДСМ.
-Постојат индиции за основано сомнение за извршен упад во службените компјутери на неколку советници од СДСМ и коалицијата! Погазена е приватноста на советниците, загрозена е нивната работа како народни избраници и уништена е назависноста на Советот на општината како институција!, рече на прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Методија Илиевски.