И мирисањето на храната може да ве згои?

од desk3
74 прегледи

Научниците од калифорнискиот Универзитет Беркли открија дека мирисот на храната игра важна улога во начинот на кој организмот ги преработува калориите, како и тоа дека со самото мирисање на храната пред јадење можеме да го поттикнеме  наталожувањето на вишокот килограми.

Студијата спрведена врз глувци, открила дека оние глувци кои никогаш не ја мирисале храната не добиле на тежина. Од друга страна, пак глувците кои пред јадење ја мирисале храната двојно ја зголемиле својата тежина. Иако студијата е спроведена врз глувци,  а не врз луѓе научниците истакнуваат дека оваа поврзаност е фасцинантна. Резултатите на студијата ги објаснуваат со тврдењето дека чулото на мирисот е поврзано со одлуката на телото да ги складира маснотиите, наместо да ги согорува.

Слични содржини