Спасувачите ги пронашле во еден канал и ги извлекле на сигурно. Но, на мајката за жал и немало спас. Според полицајците, Колет сигурно го спасила животот на својата ќерка. Биле во вода многу долго. Мајката очигледно правела се за да ја држи малечката над водата. Девојчето на грбот имала и ранец кој ја одржувал на површината на водата, рекле полицајците. Спасувачите ги извлекле од водата во последен момент бидејќи им се приближувал ферибот и доколку завршеле под него, ќе и немало спас на Џордан. Девојчето било настинато, но сега е стабилно и е предадено на семејството.