И на 65: Денис Квејд подготвен за четврт брак

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Американскиот актер Денис Квејд има три неуспешни бракови зад себе, но тој не ја исклучува можноста за четврти пат да стапи во брак, рече за Контактмјузик.

Од 2016 година, 65-годишниот Квејд е во врска со канадско-францускиот модел Санта Озина, која е помлада од него 32 години.

Запрашан дали ќе се ожени за неговата сакана, Денис Квејд одговара дека иако нема “планови за брак”, може да се случи еден ден.

Квејд има три неуспешни бракови зад него – со актерките Пи Џеј Сулс и Мег Рајан и агентот за недвижности Кимберли Бафингтон, која има 11-годишни близнаци. Од неговиот брак со Рајан, актерот има 27-годишен син, Џек.

Денис Квејд претходно сподели дека не жали за неговите неуспешни врски и научил да ги памети со задоволство.