Најчестиот совет кој сите го слушаме овој период е темелно да ги миеме рацете со вода и сапун, со цел да се отстранат сите нечистотии од нив и на тој начин да се заштитиме од опасниот коронавирус.
Во целата паника и параноја што се создава во време на ваква пандемија, не треба да заборавиме дека и најобичниот сапун, најевтиниот во продавницата, е подобро решение за миење на рацете отколку влажни марамчиња и слични препарати кои се наменети за итна употреба во услови кога не се достапни водата и сапунот.
Сапун е она што хемичарите го нарекуваат амфифил. Молекулите имаат дуална природа и со едниот крај ја „врзуваат“ водата, а со другиот нечистиот слој од кожата. Ова важи за секој тип на сапун, бидејќи за да ја добие формата која ни е потребна, мора да помине низ хемискиот процес наречен сапунификација. Во основа, секој сапун е натриум лаурет сулфат, кој има својство да чисти, но да не ја оштети кожата.
Сапунот, при миењето, покрај хемиски, создава и механички реакции, благодарение на кои ние ги измиваме и нечистотиите, но и микробите, бактериите, па дури и најголемиот број вируси, најпрво заслабнувајќи ги, а потоа и отстранувајќи ги при плакнењето.
За овој процес да биде успешен мора да се миете најмалку 20 секунди, по што ќе бидете сигурни дека правилно сте ги измиле рацете, што е и првиот совет на СЗО во секоја препорака за превенција. Антисептичките и антибактериските гелови, секако, треба да ви бидат при рака. Дезинфицирајте ги самите површините со кои често сте во допир. Одговорноста во периоди на пандемија е должност на секое совесно лице. Бидете одговорни за себе и за оние кои ги сакате. Мијте ги рацете редовно и темелно.