И Николиќ ќе се кандидира за претседател

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Сегашниот претседател на Србија Томислав Николиќ ќе учествува во претстојните претседателски избори. Оваа информација беше распространета од рускиот сајт “Спутник”, кој наведува дека одлуката била донесена за време на прославата на 65-от роденден на Николиќ.

“Од кабинетот на Томислав Николиќ не сакаа ниту да потврдат ниту да ja одречат оваа информација”, соопшти државната телевизија  РТС.

” Танјуг побара коментар за  српскиот премиер и лидер на Српската напредна партија / СНС / Александар Вучиќ но тој   молчи”, пренесе Танјуг.

Локално.мк  потсетува дека раководството на СНС пред два дена ја покрена  кандидатурата на Вучиќ за претстојните претседателски избори. Самиот Николиќ беше кандидидран  од СНС за шеф на државата пред пет години. До моментов официјално се покренати  кандидатурите на водачот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, на поранешниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, на досегашниот омбудсман Саша Јанковиќ и на лидерот на Движењето “Двери” Бошо Обрадовиќ . Кандидатурата на Вучиќ беше поддржана од Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, од Единствена Србија на Драган Марковиќ – Палма и од Социјалистичкото движење на Александар Вулин. Датумот на изборите треба да биде одреден  во наредните десетина дена