И Норвешка ги забранува бурките

од desk3
83 прегледи

Десната Влада на Кралството Норвешка ги објави плановите за забрана на традиционалното во исламот целосно покривање на лицата на жените во школите, пренесува AFP. Цитиран од локалните медиуми, министерот за образование Торнборн Рое Исаксен истакна дека владејачките се стремат кон “национални одредби кои забрануваат покривање на целото лице во училиштата и универзитетите”.

0277019001461830344_567009_292x224
Неколку политички партии вклучувајќи и опозициската “работничка партија на Норвешка”, го поддржаа воведувањето на забраната. Мерката на Осло доаѓа откако голем број европски држави воведоа забрана за носење на хиџаб и бурка, од кои последната беше Бугарија.