И новите Galaxy Note 7 можеби имаат проблеми со батеријата

од desk3
87 прегледи

 

Кинез објави дека неговиот нов смартфон Galaxy Note 7 експлодирал, откако бил купен оваа недела. Случајот покренува прашања за тоа дали проблемот на јужнокорејската компанија Samsung Electronics со самозапалувањето на батериите не се пренесува и врз новите уреди, пишува Bloomberg

download
25-годишниот маж изјавил дека Note 7 експлодирал во понеделникот наутро, помалку од 24 часа откако бил добиен од сајтот за електронска трговија JD.com. Мажот тврди дека во инцидентот се изгорени два од прстите, како и неговиот MacBook. Претставници на Samsung го посетиле набргу потоа и побарале да го земат телефонот, но тој одбил предлогот, бидејќи не верува дека компанијата ќе ја открие причината за палењето и планира да го направи прашањето јавно.