И официјално: Арда Туран нов тренер на Шахтјор

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Дојде до промена на клупата на украинскиот Шахтјор, откако турскиот стручњак Арда Туран пристигна како тренер, објави денес клубот од Донецк.

Според Украинците, 39-годишниот Турчин потпишал двегодишен договор со челниците на клубот. Новиот тренер го заменува Хрватот Марин Пушиќ на клупата на Шахтјор. Туран ја започна својата тренерска кариера пред две години, кога го презеде Ејупспор и прво го воведе во турската Суперлига, а потоа го освои шестото место оваа сезона.

Тој имаше многу побогата кариера како играч, каде што играше за Атлетико Мадрид, Барселона и Галатасарај. Со шпанските клубови ја освои Ла Лига и Купот на Шпанија, додека со Атлетико беше и шампион на Лигата на Европа во 2012 година, а потоа и шампион на Суперкупот.

Слични содржини