И по разочарувачкиот крај, „Игра на тронови“ доби две признанија

Во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобрите остварувања во изминатата година.

„Игра на тронови“, која критичарите и публиката „ја погребаа“ во последната сезона, сепак доби две награди.

Во категоријата најдоба мини-серија или ТВ филм, наградени беа Мишел Вилијамс и Сем Роквел (Fosse/Verdon).

Во категоријата драма, најдобра главна улога остварил Питер Динглиџ (Игра на тронови) и Џенифер Анистон ( The morning show).

Во категоријата комедија, триумфираше Тони Шалуб (The marvelous Mrs Maisel) и Фиби Волер – Бриџ (Fleabag).

„Игра на тронови“ освои признание за најдобар каскадерски ансамбл, а најдобра актерска екипа има „The Crown“ во категоријата драма, односно „The marvelous Mrs Maisel“ во категоријата комедија.

Слични содржини