И Рим ќе забрани дизел возила

од desk2
86 прегледи

Рим, како еден од сообраќајно најзагушените градови во Европа планира да забрани возење дизел возила во центарот на градот до 2024 година.

Ова го изјави градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

„Доколку сакаме сериозно да интервенираме, мора да имаме храброст да усвоиме одлучни мерки“, објави таа на Фејсбук.

Нејзините коментари доаѓаат по пресудата на Сојузниот управен суд во Германија кој на градовите во земјата им овозможи воведување забрана за дизел автомобили во рамки на борбата против загадување на воздухот.

Околу две третини од вкупно 1,8 милиони автомобили продадени во Италија минатата година се дизел. Во Рим нема некои поголеми индустриски погони, така што речиси целата загаденост на воздухот доаѓа од моторните возила.