И Сашо Мијалков остана без пасош, ама нема притвори!

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Поранешниот шеф на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање  Сашо Мијалков останува без пасош и е со мерка  за “претпазливост”. Така одлучи Кривичниот суд во Скопје .

За време на владеењето на Никола Груевски, Сашо Мијалков, кого граѓаните во Република Македонија нарекуваа “СМ”, се сметаше за највлијателната фигура во државата. Од судот прецизираа дека одлуката за поранешниот премиер Никола Груевски ќе биде донесена во утрешниот ден.

На крајот на неделава Специјалното обвинителство / СП / на Катица Јанев побара притвор за вкупно 18 физички и правни лица поради учество “во организирана криминална група, злоупотреба на службената положба и даночни измами”. Меѓу обвинетите се Никола Груевски, поранешните министри – за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за транспорт, Миле Јанакиевски, за култура, Елизабета Канческа Милевска, вицепремиерот Владимир Пешевски, како и Сашо Мијалков, кој е и братучед на Груевски.

Досега Кривичниот суд е одзел пасошите на повеќето обвинети, но одбива да ja примени мерката “притвор”, како што побара СП,  која патем истиот суд во изминатите 10 години владеење ја злоупотребуваче редовно дури и за земени 10 ќебапчиња или сано каков било сомнеж без доказ.

Специјалното обвинителство ќе поднесе жалба на одлуките на Кривичниот суд   во Скопје пред Апелациониот суд на Република Македонија.

Прочети още на: http://www.bgnes.com/sviat/balkani/4520310/