Уште 738 лица починаа во Шпанија како резултат на инфекција со коронавирус, со што земјата стана втора во светот по бројот на починати.
Тоа е најголем број смртни случаи во еден ден во Шпанија од болеста Ковид-19 предизвикана од коронавирус.

Бројот на умрени во Шпанија се зголеми на 3.434, претекнувајќи ја Кина, со 3.255 жртви.
Од коронавирусот најмногу луѓе починале во Италија, 6.820 до вчера.
Бројот заразени во Шпанија се зголеми за 20 проценти во последните 24 часа на 47.610 лица.
Вирусна инфекција е потврдена досега во повеќе од 434.000 луѓе ширум светот, од кои повеќе од 19.600 починале.