И Шпанците сакаат да ја произведуваат руската вакцина

од Берта Китинска
251 прегледи

Инвестициската деловна групација ИбертАлантик разговара за можното производство на руската вакцина Спутник V против коронавирусот, изјави денеска извршниот директор Педро Мурино.

– Што се однесува до „ИберАтлантик“, можам да потврдам дека сме во преговори со некои други компании, кои не можам да ги именувам, како и со рускиот фонд за директни инвестиции за предлогот Спутник V да се донесе во Шпанија, Пиринејскиот полуостров и европскиот пазар – рече тој за ТАСС Мурино, но не сакаше да открие до каде се разговорите.

Кон крајот на февруари, вицепремиерот Александар Новак изјави дека по разговорите со Шпанија за трговска и економска соработка, Русија изрази подготвеност да соработува со Шпанија за производство на вакцини и за заедничка борба против пандемијата.

Слични содржини