И тајни и јавни средби за формирање на коалициски табори за локалните избори

од Даниел Ѓорѓиевски
339 прегледи

Според најавите од политичките партии се очекува жешка есен бидејќи локалните избори се уште еден тест за тоа како котираат кај граѓаните. За освојување на општина плус во игра е формирање на коалициски табори меѓу македонските и партиите од албанскиот политички блок. Контурите неофицијално веќе се назираат СДСМ-ДУИ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ Алијансата и Алтернатива. Помалите партии ДОМ, ДС, ЛДП и граѓанскиот сектор се третата коалиција. Левица засега молчи за коалицирање со било која политичка партија. Од СДСМ велат дека партиски работни групи работат на услогласување на ставовите со ДУИ и дека се очекува до крајот на месец јули да се одржи и првата средба меѓу двајцата лидери на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети.

-До крајот на месец јули ќе ја одржиме средбата. Работните групи веќе работат. Еден од условите за да седнеме заедно е да имаме профилирани кандидати. Тое е многу важно, затоа што ниту Заев ниту Ахмети, ниту Муцкоски, ниту било кој, не ги носи гласачите во својот џеб, да оди на гласачкото мести и да ги истури. Граѓаните мора да бидат поврзани со личностите. Затоа рековме уште од самиот почеток локалните избори се избори на личност. Партиите имаат влијание, но сепак пресудна е личноста. Личноста во форма на кандидат за советник, личноста во форма на кандидат/ка за градоначалник/ка и затоа е многу важно врз основа на тие анализи да ги правиме и коалиците и соработките на локалните избори. Очекувам со нашите партнери најголем процент да имаме соработка уште во првиот круг во еден дел во вториот круг, во еден дел после изборите ќе се состават самите коалиции, рече Заев.

И лидерот на ДУИ Али Ахмети неодамна изјави дека соработката со СДСМ е добра и не ја исклучува можност за коалицирање за есенските локални избори.

-Треба да видиме какви се интересите. Не знам. Да видиме кои и какви се интересите на граѓаните, пред се, на ДУИ, на СДСМ. Мој став е дека со СДСМ функционираме одлично во изминатите четири години од кога сме во Влада со нив и вреди да се размисли за коалиција. Но, сеедно, ние ќе настапиме со сопствена листа на советници, без оглед дали ќе одиме заедно или посебно – рече Ахмети.

Од Алијансата на Албанците пак велат дека е можна предизборна коалиција и со ВМРО-ДПМНЕ, но и со СДСМ.
– Апсолутно ќе имаме коалиции. На локални избори победуваат оние кои имаат најмногу коалиции со разни партии. Ќе видиме по структурата на население во општините, така и ќе постапуваме. Најверојатно во Гостивар ќе се обидеме да направиме коалиција и со македонска партија, со две-три кои функционираат, со турски партии, ромски партии… Ќе се обидеме да соработуваме со сите партии, бидејќи овде не се гласа за партија, туку за личност, вели Таравари.

Високиот партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски неодамна речедека со Алијанса на Албанците и Алтернатива одлично соработуваат. Како пример за тоа го наведе беспрекорното функционирање во Собранието како опозициски партии. Николоски посочи и дека на последниот собир организиран од фондацијата “Конрад Аденауер” присуствувале претставници на овие две партии, што е доволен показател за добрите односи и позитивното расположение во однос на можна коалиците помеѓу овие партии.

-Сметам дека коалицијата е можна и многу порано пред локалните избори, доколку се конкретизира моделот на коалицијата и начинот на кој таа коалиција би функционирала. Добро е што опозициските партии се сплотени и целта на овие партии и крај на овој хибриден режим и градење на едно ново општество кое што ќе нуди успех на сите граѓани, рече Николоски.

За ваквиот тренд на македонскта политичка сцена независниот консултант Мирослав Драганов смета дека партиското коалицирање мегу партиите на Македонците и Албанците не е од преголема љубов туку поради партиските сметки.

-Нивната мотивација за коалицирање не е доволно искрена туку е само обична математика. Ако тргнат само со свои кандидати без меѓусебно да коалицираат тие се свесни дека нема да освојат доволно гласови за победа. Партите не сакаат однапред да прифатат евентуален пораз и затоа им е најбезболно да имаат некоја однапред договорена меѓусебна поддршка. Сликата за сите граѓани од ваквиот вид на коалицирање покажува дека граѓаните не одлучуваат сами за кого ќе го дадат својот глас на локалните избори туку во нивно име одлучуваат политичкитче субјекти. А мотивацијата на граѓаните за да ги слушаат овие насоки е друга тема, вели Драганов за Локално.

Конечен датум кога ќе се одржат редовните локални избори засега нема, но според Изборниот законик треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на актуелните градоначалници и советници, но не повеќе од 70 дена пред истекот на мандатот.

И.Т.

 

 

Слични содржини