И Ципрас со покренување измени на Уставот на Грција

од desk4
125 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на вчерашната седница на пратеничката група на неговата партија Сириза ја обелодини содржината на предлогот за ревизија на Уставот.

Станува збор за 15 измени од кои главната всушност е претпазлив чекор кон нов однос меѓу црквата и државата кои во Грција не се раздвоени.

„Дојде време со Уставот експлицитно да се зацврсти верската неутралност на грчката држава со сето она што се подразбира регулаторно и во практика“, изјави Ципрас.

Од другитте предложени измени е интересна и таа за уставно воспоставување на пропорционален изборен систем кој во Грција сега е мешан. Исто така се предлага и измена со цел да се отежне менувањето на владата од страна на Парламентот.