Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 18.11.2023 (сабота) и 19.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот.
Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
Пунктот ќе работи и на 29 и 30 ноември со полно работно време. Ова доаѓа по одлуката донесена на вчерашната седница на Владата според која на работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември (среда) треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.