И во Македонија стигна стелт омикрон

од Берта Китинска
289 прегледи

Стелт омикрон стигна во земјата.

Министерството за здравство информира дека три лица се заразени со новиот подсој на омикрон познат како „стелт“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, две заразени лица се од Скопје, а едно од Струмица, објави МИА.

Според информациите на ИЈЗ, кај 35 примероци била докажана Ба.1 сублинија на омикрон.

Сѐ уште циркулира и Делта варијантата којашто е докажана кај 3 примероци (два се од Гевгелија и еден е од Велес), а кај два примерока е потврдена influenca тип H3N2.
Податоците биле собрани од 29.01 до 06.02.2022 година.

СЗО соопшти дека стелт омикрон којшто е подвид на омикрон сојот, наречен BA.2, е откриен во 57 земји, додавајќи дека прелиминарните податоци покажуваат дека тој е позаразен од другите видови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.

Слични содржини