И во вториот круг мирна и демократска атмосфера во гласањето за претседател на државата

од desk4
88 прегледи

На два часа целиот ден поминува без никакви прекини и неправиолности, во демократски амбиент, се заклучоците на ДИК и на домашните и странските набљудувачи На бесплатните телефонски повици  до ДИК , кои биле 98 ,до 17 часот, главно се барало да се информираат каде да гласаат и каде се распоредени нивините гласачки места,  но не и пријава на неправилности ,информираат од ДИК

 

 

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска соопшти дека до 15:00 часот излезеноста на вториот круг од претседателските избори изнесува 30,34 проценти и дека гласањето се одвива мирно, непрекинато и без неправилности.

До овој момент до ДИК е пристигнат само еден приговор, кој се однесува на заштита на личното избирачко право.

Граѓанската асоцијација МОСТ, на своите редовни прес конференции информира за незначителни неодследности кои не го нарушуваат демократскиот тек на изборниот процес и потврдуваат дека нема прекини во изборниот процес.

Овен што се гласа за претседател каде се избира меѓи кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, се гласа  и за градоначалници на Охрид и на Ново Село.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето на целата тгеритприја на државата.

„Гласањето се одвива мирно, без проблеми. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и во преостанатиот дел од денот на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран. Но, уште еднаш ќе потенцирам дека до сега, нема ниту едно нарушување на јавниот ред и мир“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

 

Досега гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера и под силен мониторинг на домашни и странски организации, потврдија и од меѓународната организација ОБСЕ.

Шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер, по посетата на гласачкото место 2789 во населба Драчево, истакна дека 170 набљудувачи се распоредени денеска низ земјава, и оти Мисијата е тука за да види дали изборите се спроведуваат согласно меѓународните стандарди за избори.

Потсети дека долгорочниот набљудувачки тим на Мисијата е тука од средината на март и тука ќе остане до средината на мај за да го набљудува целиот избирачки процес.