И знаете што-по која цена, стасавме до ова парче слобода?

од Vladimir Zorba
71 прегледи
 

Не го бев видела две и пол години Заев. Вчера се гушнав со него. Од таа близина, ја воочив лузната. Онаа лузна, на челото. Длабока е. Нема никогаш да помине.

И знаете што? Ме преплави некое измешано чувство на мајчинска грижа, сестринско сочуство, ама највеќе – некој длабок срам. Не можев да си објаснам зошто се засрамив.

Да, сите бевме силно вознемирени кога ги на лажичка ги добивавме вестите од Собрание. Бевме огорчени за жртвите, бевме среќни што не ескалираше ситуацијата, бевме горди на разумот што преовлада и бевме благодарни за конечниот исход. После следеше еуфорија од првите сто дена, локални избори, и некаде по пат – заборавивме на крвавите завои. Јас ги заборавив. Затоа се засрамив вчера.

И добро е што останала лузната. Да ме потсети мене и сите нас како, со кого и по која цена, стасавме до ова парче слобода.

Фејсбук статус на Гордана Попсимонова