IAEA: Нуклеарната централа во Запорожје користи дизел генератори за да спречи прегревање

од Stefanija Kuzmanovska

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под контрола на Русија, го загуби целото надворешно напојување и користи дизел генератори како последна линија на одбрана за спречување на прегревање поради топење на горивото на реакторот, соопшти денеска Меѓународната агенција на ОН за атомска енергија (IAEA).

Агенцијата наведува дека утринава околу пет часот по локално време, нуклеарната централа во Запорожје целосно го загубила надворешното напојување, кога била исклучена и последната преостаната линија од 750 киловолти.

Слични содржини