Иако короната не стивнува во САД, Пенс порача: Не поддржуваме дополнителни национални блокади или затворање на училишта

од Stefanija Kuzmanovska

И покрај порастот на бројот на случаи со коронавируси низ САД, потпретседателот Мајк Пенс ја повтори позицијата на администрацијата на Трамп да не поддржува дополнителни национални блокади или затворање на училишта.

„Претседателот Трамп сакаше да стави до знаење дека нашата работна група, оваа администрација и нашиот претседател, не поддржуваат уште едно национално заклучување. И ние не поддржуваме затворање на училиштата”, рече Пенс во четвртокот на првиот брифинг на работната група за коронавирус во Белата куќа од јули, пренесува Си-ен-ен..

„И ќе слушнете од д-р Роберт Редфилд од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), всушност ЦДЦ никогаш не препорача да ги затвориме училиштата во кое било време оваа година“, додаде Пенс.

Изјавите на Пенс доаѓаат еден ден откако системот на јавни училишта во Њујорк, најголемиот во земјата, заврши со настава во живо до ново известување заради бројот на случаи во градот.

Си-Ен-Ен потсетува дека Трамп за време на изборната кампања повтори дека сега избраниот претседател Џо Бајден ќе сака да воведе уште еднонационално заклучување.

Сепак, Бајден на прес-конференција во четвртокот рече дека не го планира тоа.

Слични содржини