Ибра објави фотографија со негов идол и ги воодушеви сите кои сакаат фудбал

од Stefanija Kuzmanovska

Златан Ибрахимовиќ отсекогаш бил познат по своите изјави каде на шега велеше дека е најголем досега, но во една прилика призна дека и тој има фудбалски идол.

Легендарниот Бразилец Роналдо е играч на кој Ибрахимовиќ секогаш се воодушевувал, а сега имаше можност да го запознае, па не ја пропушти можноста да објави заедничка фотографија.

Шведскиот напаѓач остави само краток коментар со сликата: „Само замисли, Роналдо“.

Сликата собра голем број лајкови и коментари на ентузијазам за кратко време.

Ибрахимовиќ никогаш не ја криел фасцинацијата кон бразилската легенда.

„Сакав да бидам играч како него. Никој не е како Роналдо. Таков играч никогаш порано не постоел, а го нема ни денес“, кажал Златан во една прилика.

Ибрахимовиќ истакна колку му се восхитувал како момче.

„Како млад играч, сакав да бидам како него, кој прави разлика на теренот “, навел Ибрахимовиќ.

Слични содржини