Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси Златан Ибрахимовиќ, постигна еден од најчудните голови во кариерата!

Овој пат, тој реализираше во голот на градскиот ривал ФК „Лос Анџелес“, во меч кој заврши без победник 1:1.
При ситуацијата, топката ја помина гол линијата, а судијата доста подоцна го призна голот.
„Постигнав чуден гол и се чувствувам чудно. Судијата не го виде во почетокот, но потоа го призна голот. Се чувствувам навистина чудно“, прокоментира Златан по погодокот.
Тоа беше под број 499 во кариерата на напаѓачот, кој сигурно подготвил нешто импресивно за следниот.