Ибра со нов супер гол за Галакси (ВИДЕО)

од Vlatko K
155 прегледи

Златан Ибрахимовиќ постигна два гола за Лос Анџелес Галакси во победата над Ванкувер Вајткепс со 3:0.

Шведската суперѕвезда реализираше пенал во четвртата минута со прецизен удар во долниот лев агол, а во 58-та минута, Ибра постигна уште еден убав гол со моќен истрел од далечина.

Тоа беше неговиот гол бр.20 за сезоната.

Ромеин Алесандрини пак реализира втор пенал за Галакси за конечни 3:0 во 77-та минута.

https://www.facebook.com/lagalaxy/videos/1857559561029915/